Ајви ја реши драмата во Кисела Вода, МЗТ 2 и со нов тренер поразен

167

Академија ФМП продолжи во победнички ритам, го доби дерби дуелот со ТФТ, на домашен терен славеше со 90-89 во рамките на дестото коло. Со седмиот триумф оваа сезона, вкупно четвртти во низа, тимот од Кисела Вода се искачи на третото место на табелата во Првата лига.

Избраниците на Александар Петровиќ оваа средба можеа да ја решат многу лесно. Откако првата четвртина ја доби со 22-15, а потоа поведе со двоцифрена предност 42-26, по одморот му дозволи на гостинскиот состав да се врати во игра.

ТФТ имаше шанса да дојде до големи бодови, поведе пред самиот крај, откако домаќинот не беше најдобар во реализација на слободните фрлања. Но гостите помислија дека ќе си одат со целиот плен, Ајви погоди тројка за 90-89, останаа две секунди за ТФТ, секако недоволни за чудо.

Токму Ајви, заедно со Крстајиќ беа први стрелци кај победникот, постигнаа по 19 поени, Бакоч имаше 15. Кај гостите Костоски имаше исто 19 поени.

Претходно Куманово го совлада МЗТ Скопје 2 со 75-71 за трета победа оваа сезона. Ова беше прв меч на Борис Нешовиќ на клупата на скопскиот тим, дојде на местото на Перо Блажевски, но вечерва не успеа да донесе радост.

Абром со 21 поен беше прв стрелец кај домаќинот, на другата страна Рансом имаше 25 поени.

ПретходноШкендија се врати од 0:2 за победа на дербито против Борец
СледноЕкс-вардарците Марсениќ и Милосављев остануваат во Берлин уште 6 години!