Шкендија се врати од 0:2 за победа на дербито против Борец

153

Одбојкарите на Шкендија по голема борба и со голем пресврт успеаја да стигнат до побед ана дербито во 9. коло од домашното одбојкарско првенство против екипата на Борец. На средбата во Велес, Борец тргна одлично, ги освои првите два сета и се водеше кон нивна сигурна победа, но следуваше несфатлив пад во играта во следните два сета кои гостите ги искористија за да го внесат мечот во драматична завршница.

Откако израмнија на 2:2, тетовци одиграа смирено во последниот сет и успеаја да ги искористат првите сет-топки за да дојдат до победа од 15:13 и да заминат со два бода од ова тешко гостување.

За одбележување е продолжението на извонредната победничка серија на Вардар. „Црвено-црните“ се вратија со убедлива победа од Пробиштип со која се искачија до петтото место на табелата. Вредни три бода и за Универзитет во Тетово кој славеше лесно кај Македонија Џио.

Без проблеми Струмица ја продолжи победничката низа, а триумф забележаа и одбојкарите на Лирија.

Прва лига, мажи – 9. коло

Борец – Шкендија                    2:3 (25:20, 25:16, 21:25, 22:25, 13:15)

Весна Пробиштип – Вардар     0:3 (14:25, 14:25, 15:25)

Македонија Џио – Универзитет во Тетово        0:3 (15:25, 13:25, 5:25)

Струмица – Дибра Волеј          3:0 (25:12, 25:11, 25:14)

Лирија – Штип УГД                   3:0 (25:23, 25:21, 25:15)

ТАБЕЛА: 1. Струмица 30, 2. Универзитет во Тетово 23, 3. Шкендија 22, 4. Борец 19, 5. Вардар 18, 6. Лирија 17, 7. Штип УГД 15, 8. Весна Пробиштип 11, 9. Јанта Волеј 7, 10. Дибра Волеј 2, 11. Македонија Џио 1.

ПретходноСтјуардите ги одбија жалбите на Мерцедес: Верстапен и официјално е шампион во Ф1!
СледноАјви ја реши драмата во Кисела Вода, МЗТ 2 и со нов тренер поразен