Златан во друштво на Меси и Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

216

Златан Ибрахимовиќ синоќа постигна гол во ремито на Милан против Удинезе 1:1, и на тој начин се израмни во еден сегмент со Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Тој го постигна 300. гол во „Лигите пет“, а ова досега им успеало само на гореспоменатите двајца. Роналдо досега стигна до бројката од 483, додека Меси има осум помалку.

Ибрахимовиќ досега во Италија има псотигнато 153 гола, додека пак во Франција односно во дресот на ПСЖ стигна до бројката 113. Во Премиер лигата односно во Манчестер Јунајтед постигна 17, а гол помалку во Барселона. Од најдобрите лиги во Европа, Ибрахимовиќ не играл единствено во Бунде литата.

 

ПретходноБадел 1862 преку првакот до перфектни „девет од девет“
СледноВо Струга нема услови, Трим Лум и Ренова одложена !?