Клоп откри кого сака да види на неговото место во Ливерпул

625

Ливерпул во 16. коло во Премиер-лигата славеше противАстон Вила со 1-0. Единствениот погодок на оваа средба беше дело на Мохамед Салах, кој беше прецизен од белата точка.

На овој меч, Стивен Џерард, тренерот на Астон Вила се врати на местото каде се стекна со статус, играчка легенда.

Во интервју за ББС спорт, Клоп го прашаа дали има потреба да докажува дека е главен човек во Ливерпул против една од најголемите легенди на клубот.

„Добра работа за мене е дека немам проблем со тоа. Знам дека нема да бидам тука засекогаш. Ќе мора да дојде некој друг да седне на клупата. Искрено, јас би сакал тоа да биде Џерард. Никој не знае што носи иднината, имам договор уште неколку месеци и не сум под притисок“, изјави Клоп.

Ливерпул е на второто место на табелата во Премиер-лига, со 37 бодови, еден помалку од лидерот Манчестер Сити и еден повеќе од Челзи.

ПретходноРеј Ален: Ќе бидам на натпреварот кога Кари ќе го собори мојот рекорд
СледноСпектакуларна партија на Никола Јокиќ (ВИДЕО)