Конечно крај на инатењето… Кимих ќе се вакцинира

234

Откако му стана јасно дека водењето инат без основа, казната од скоро милион евра, карантинот, вирусот, и паузата која ќе трае сигурно до втората половина на јануари, ќе му донесат само штета, играчот на Баерн Минхен и репрезентативец на Германија, Џошуа Кимих донесе одлука да се вакцинира.

Од клубот долго време му налагаа да го стори тоа, но Кимих од сопствени убедувања тоа не го стори, па затоа што се вели ги сноси последиците од глупавите потези.

Најпрво беше казнет парично, па се зарази, па болеста кај него предизвика респираторни последици, па сега тој е во „аут“ повеќе од еден месец.

Кимих својата одлука ја објави во интервјуто на националната „ZDF“ телевизија претпладнево.

FOTO EPA/INA FASSBENDER
ПретходноВардар е есенски младински шампион
СледноНачевски и Николов го судат големото дерби на Полска