Невидено нешто, зарем можеше во последната трка, во последниот круг и тоа да се случи. Макс Верстапен да го мине Луис Хамилтон и ја освои својата прва титула. Сезоната 2021 ја заврши на најдобар можен начин, со победа на „Јас Марина“во луда трка, со трилер финиш.
“На крај среќата беше со мене, токму кога беше најпотребно. Му благодарам на мојот совозач Серхио Перез и секако на сите во тимот на Ред Бул“ беше првата реченица која новиот светски првак.
Се разбира дека Верстапен ќе го слави и излетувањето на Латфи на 4 круга до крајот, а Хамилтон кој не го криеше разочарувањето посочи дека тому тој момент ја решил трката.
Можеби и така е, но оваа трка, оваа сезона, ќе влезе во аналите на Формула 1, која се врати на сцената на најдобар можен начин.










