АБА 2: Пелистер во Сараево по поправка на впечатокот

147

За разлика од домашниот шампионат каде Пелистер е без пораз, има десет победи во низа, во АБА 2 лига приказната е поинаква. Битолчани не се снајдоа добро во првите четири натпревари во второлигашкото јадранско натпреварување. Имаат само една победа и три порази, два во последните две кола, па засега се на претпоследното место на табелата.

Сараево, домаќинот на третиот “балон” е вистинска шанса да го поправат впечатокот и да покажат дека можат повеќе. Во главниот град на Босна и Херцеговина ќе одиграат три меча првиот на програмата е денеска. Во 18 часот ќе ги одмерат силите со Широки.

Станува збор за тим кој има победа повеќе и се наоѓа на шестото место на табелата. Во овој “балон” ќе одиграат и против лидерот Борац Бања Лука, кој нема пораз по четири кола и Златибор. Битолчани имаат состав и квалитет, тоа треба само на дело да го покажат и да се издигнат на горните позиции на табелата.

И вториот македонски преставник МЗТ Скопје ги очекува своите први настапи во Сараево. „Штрковите“ во вторник го играат првоиот меч против Хелиос Домжале.

ПретходноСпектакл: Меси VS Роналдо во 1/8 финалето во ЛШ!
СледноПлеј-оф во ЛЕ: Уф, Елмас против Барса…