По извонредниот настап и голот на петочниот меч со Нирнберг во германската 2. Бундеслига, нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов се најде во фокусот на германските спортски медиуми.
„На Дарко Чурлинов за првпат во стартните 11 му беше дозволено да игра на позицијата на која е најдобар и веднаш го покажа својот квалитет и убедлив настап. Поуката е јасна: доколку се искористи правилно, Чурлинов може да биде апсолутен кандидат за подигнување на квалитетот на Шалке“, пишува германскиот магазин „Кикер“.
Во неговите претходни три настапи како стартер за Шалке 04, Дарко Чурлинов беше користен на десната страна, како офанзивен бек во системот 3-5-2.
„Неговиот последен убедлив настап е тесно поврзан со позицијата на која беше распореден овој пат – и во која, според неговата изјава, се чувствува најудобно. Со оглед на неговите убедливи перформанси, можеше да се види што е способен тојд а направи во офанзивниот виор, ако се користи на вистинската позиција“, заклучува новинарот на „Кикер“.