Рамос се враќа на “Бернабеу“, Мбапе против идниот свој клуб!

352

Серхио Рамос се чини дека е најнезадоволен од новата, повторената ждрепката за 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Имено легендата на “кралевите“ ќе мора да удри против „својот“ Реал, ќе мора да дојде на „Сантијаго Бернабе“ со својот ПСЖ во првиот меч од осминафиалето во Лигата на Шампионите.

Можеме само да претпоставиме како ќе биде пречекан од своите некогашни фанови за кои беше долго, долго време нивни миленик.

Сепак останува да се види дали Рамос ќе ја „преживее“ зимската „чистка“ која е најавувана од страна на клубот од Париз.

Исто така интересно е се каже дека Килијан Мбапе, ако и официјално се договори со “кралевите“ за трансфер во јуни, ќе игра против својот нов клуб.

ПретходноНа повторената ждрепка во ЛШ: Меси против Реал Мадрид…
СледноМакедонија ЃП се “ослободи“ од Камара и Бановиќ!