Долгата серија на Барселона во домашниот шампионат заврши. Каталонскиот гигант првиот пораз го запиша поради своја грешка.
Торелевага го доби дуелот со актуелниот европски првак со службени 10-0, откако админитрацијата на Барса направи голем кикс. Овој натпревар да се одигра на 10 октомври, но истиот беше одложен.
При новото одигрување во составот на каталонскиот гигант се најде ракометар кој на претходно закажената средба не беше пријавен. Станува збор за пикерот Јусеф Бен Али. Од таборот на Торелевага се пожалија, а нивната желба беше прифатена, Барса го загуби дуелот сложбено.