Екипата на Рома запиша победа во последниот меч од 17. коло во Серија А. „Волчицата“ очекувано триумфираше против Специја со 2:0 со голови во првото и второто полувреме. Најпрвин резултатот го отвори Крис Смолинг. Тоа беше англиска комбинација, Абрахам асистира, додека дефанзивецот Смолинг погоди за водство.
Во 56. минута Ибанез зголеми на 2:0. Пет минути подоцна на Специја и беше поништен гол поради офсајд.
Рома е шеста на табелата со 28 бода и има 9 победи, Специја е на 17. место.