Во Ангели бодовите се жртуваат во име на иднината!

888

Еден од двајцата дебитанти во прволигашкото друштво оваа сезона, Ангели и натаму ја чека својата прва радост, има десет порази во исто толку одиграни натпревари и се наоѓа на последното место на табелата.

За разлика од останатите тимови, визијата во овој клуб е поинаква, бодовите се жртуваат со вложување во својата иднина, во играчите кои со години се дел од дебитантот.

Во составот останаа двајца странски кошаркари (Самбри и Васар), по заминувањето на Исаја Мандерсон. Во овој момент поради повреда Самбри не може да му помогне на тимот, додека поради истата причина надвор од терените е Константин Мартиновски.

Тренерот Горан Ѓорѓиевски минутажата одлучи да им ја подели на најмладите во составот. На дуелот со Пелистер во првата петорка се најде 16-годишниот кој е член на соодветната македонска репрезентација, Ангел Кечовски. Доверба добиваат и Теодор Милевски, Васил Јаневски и Лука Наумовски. Станува збор за млади и преспективни кошаркари кои исто така се дел од младите репрезентации.

За ваков потег треба големо трпение, не е лесно да се губат мечеви во серија, но понекогаш жртвувањето е најдобро решение, отколку вештачко билдање на составот и заборвање на оние кои се иднина.

Настапот во најсилната мак-кошаркарска лига е голем влог за сите нив, искуството кое ќе го стекнат ќе биде непроценливо во дресот на нациналните тимови. Ова е еден од начините преку кои Македонија ќе гради здрава иднина и нема да има проблем со пропуст во генерациите.

ПретходноСтартуваше У-21 кампот, тројца од првичниот список нема да дојдат!
СледноСкандал во Памплона, обезбедувањето го спаси Лапорта