УЕФА денеска одлучи да ја повтори ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони, што предизвика големи реакции.
На церемонијата закажана во 12 часот пропустот беше Манчестер Јунајтед, за противник го доби тимот на Виљареал, со кого играше во групната фаза.
Реал Мадрид прво се падна со Бенфика, а потоа со ПСЖ. Токму затоа „кралскиот“ тим беше најгласен, порачаа дека потегот на УЕФА е апсурден, особено по лесната ждрепка во 12 часот. Во Реал сметаат дека Бенфика е легално добиен противник, но не можат ништо веќе, двојките се познати, ќе мора добро да се измачат против Лионел Меси и неговите соиграчи.
Шпанскиот тим испратил и протесно писмо до УЕФА. Познато е дека односите меѓу нив не се добри по обидот за Супер-лигата. По ваквата постапка сигуни истите ќе биде дополнително затегнати.
И Пеп Гвардола имаше свој коментар, но тој беше за повторување на ждрепката, неговиот Сити ќе игра против Спортинг.
🚨 Real Madrid are unhappy and oppose the decision to re-do the Champions League draw, as their draw for the match against Benfica was legal and without error! #UCL
[Source: @beinsports_FR] pic.twitter.com/QzlPEx2gsz
— Transfer HQ (@Transfer__HQ) December 13, 2021