Поранешниот потпретседател на Милан Адријано Галијани зборуваше за менталитетот на Златан Ибрахимовиќ за време на претставувањето на новата автобиографија на шведскиот голгетер „Адреналин“. Тој откри дека во 2012 година шведскиот напаѓач за малку ќе го истепал тогашниот тренер на Милан Масимилијано Алегри по поразот од 0:3 од Арсенал во Лигата на шампионите. „Росонерите“ победија со 4:0 во првиот меч и поради тоа се пласираа во четвртфиналето на турнирот, а Златан тешко го поднел тој пораз.
„Тоа беше ужасен натпревар. Се радувавме по него затоа што се пласиравме понатаму, но кога влеговме во соблекувалната Ибра врескаше како луд. За малку ќе го истепаше Алегри бидејќи на клупата имаше двајца голмани. Ибра никогаш не е среќен или задоволен. Тој секогаш сака максимум. Ако заврши нерешено или е втор, тој е бесен. Никогаш не е задоволен и тоа е неговиот најдобар квалитет“, изјави Галијани.