Првиот дел од сезоната во Лигата на шампиони заврши. За единствениот македонски претставник крајот не беше добар, Вардар 1961 по десет одиграни кола е на седмото место на табелата во групата А.
Има две победи, реми и седум порази, скор кој засега не го носи во следната рунда, но има шанса за поправен. Токму ваквиот исход донесе и промени на клупата, Веселин Вујовиќ си замина, во јануари тимот треба да добие нов тренер, со тогаш довербата ја доби Владо Недановски.
Како за утеха во овие бурни времиња доаѓа еден статистички податок, а тоа е дека по десет одиграни кола во Лигата на шампиони, Вардар1961 го има вториот најдобар стрелец. Не е тешко да се погоди, станува збор за Тимур Дибиров. Тој има 58 гола, еден помалку од лидерот Алекс Гомез и ист број на погодоци колку Грондахл и Хансен.