Пелистер не успеа да стави крај на серијата порази во АБА 2-лига. Македонскиот тим имаше ширум отворени врати, на крајот подарени шанси, на крајот беше поразен од Широки со 83-82.
Во самиот финиш по чекорите на Кесар, тренерот Марјан Илиевски заработи исклучувачка, не беше со своите момци во важните моменти.
„Им честитем на играчите за добрата игра и за борбеноста. Имаме проблеми со повреди постојано, што пак е проблем. Играчите го оставија срцето на терен на овој меч кого го одлучија некошаркарски моменти“, изјави помошникот Дејан Илиевски.
Шанса за поправен Пелистер ќе има во среда, но задачата е уште потешка, игра против Борец Бања Лука.