Караџовски промаши за победа, Пелистер ја загуби драмата со Широки (ФОТО)

147

Екипата на Пелистер не успеа да ја прекине негативната низа во АБА 2-лига, загуби од Широки со 83-81 во рамките на петото коло. Ова беше прв меч од „балонот“ во Сараево, во следното коло избраниците на Марјан Илиевски ќе се сретнат со Борец Бања Лука.

Кошаркарите на Пелистер одиграа добро во првото полувреме, во кое имаа и двоцифрена предност, имаа и отворен шут за победа, но не ги искористија шансите кои противникот им ги даде на тацна. Згора на се, не одеше и шутот за три поени, имаа само пет погодени (четири во првата четвртина).

По водството на противникот од 3-0, битолскиот тим со серија од 2-12 поведе со 5-12, нешто подоцна со двете тројки на Малешевиќ и Караџовски дојде на двоцифрени 11-21. Најголемата позитива во овој дел бепе 13-24. На стартот на третата четвртина Кесар ја направи четвртата лична грешка.

Широки притискаше, по 21-28 во 10. минута со серија од 14-6 го врати водството после 15. минути игра. Но, само за кратко. Влезе Трајковски внесе свежина, заедно со Малешевиќ ја одржуваа предноста. На одморот беше 40-43.

 

Пелистер не ја почна третата четвртина, Широки поведе со 49-43. Првите поени ги постигна после четири и пол минути, со мини серија од намали на 49-47. Битолчани не дозволија мечот да отиде во непосакуван правец, Ходсон и Кесар ја вратија неизвесноста, израмнија на 53-53. Македонскиот тим ја врати и предноста благодарение на Кесар и Малешевиќ (61-65).

Битката се разгоре, а дуелот беше решен во последната четвртина, во која Пелистер велзе со 66-67. Водството се менуваше постојано, Широки во 35. минута направи важен чекор успеа да дојде до предност од 77-71 и 80-73 период во кој битолчани грешеа.

По новите минус седум, конечно тројка и два поени за 82-80. Караџовски направи техничка грешка, на голема среќа Широки не се снајде и тоа двапати, ниту по исклучувачката на Илиевски. Малешевиќ со половична реализација од линијата за слободни фрлања намали на 83-81. Кесар од истата позиција погоди само еднаш за 83-82.

На 19.секунди, Пелистер дојде до нова шанса, Широки ја изгуби топката, Караџовски промаши тројка за голема радост во редовите на противничкиот тим.

Ова беше четвртти пораз во АБА 2-лига за Пелистер, кој има само една победа. Малешевиќ со 27 поени и Кесар со 23 поени беа први стрелци кај македонскиот тим, Трајковски имаше 12 поени.

ФОТО: Драгана Стјепановиќ/АБА 2

ПретходноСкандал во Памплона, обезбедувањето го спаси Лапорта
СледноИлиевски: За жал мечот го одлучија некошаркарски моменти