Екипата на Фенербахче го загуби денешниот дуел со Газијантеп со 3:2 во рамките на турското првенство. Во осмата минута Газијантеп поведе со прекрасниот гол на Фигуеиредо во 8. минута. Бразилецот „распали“ од пола терен, а топката го прелета истрчаниот голман Озер и заврши во неговата мрежа.
Озил изедначи до крајот на првиот дел, во второто полувреме Максим носи водство на Газијантеп со 2:1, па изедначи Зајц, за потоа Фигуеиредо со својот втор погодок на мечот да ја донесе победата на „црвено-црните“.