Вчера заврши есенскиот дел од сезоната 2021/22, а денеска веќе клубовите се во погон во поглед на зимскиот преоден рок. Па така, како што и официјално, преку своите социјални мрежи, информираа од таборот на Македонија ЃП, Абу Камара (Либерија) и Балша Бановиќ (Ц. Гора) не се повеќе нивни играчи. И двајцата беа летни засилувања за тимот од Ѓорче, но искрено не прикажаа којзнае каков квалитет за да бидат и натаму во тимот на стратегот Муарем Бајрами.
Повеќе од јасно е дека клубот од Ѓорче во претстојниот зимски преоден рок, има намера и тоа како да се засили.