Навивачите на Легија влегле во клупскиот автобус и ги нападнале играчите

320

Навивачите на Легија ги нападнале фудбалерите на клубот по неделниот пораз на натпреварот од 18. коло на полскиот шампионат против Плоцк (1:0), јавија доцна синоќа локалните медиуми.

Приврзаниците на полскиот гигнат го следеле автобусот на пат кон тренинг центарот по мечот во Плоцк, па таму упаднале и ги нападнале фудбалерите.

Медиумите наведуваат дека неколку странски играчи на актуелниот шампион се здобиле со повреди на главата. Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот.

Легијата во неделата го претрпе третиот последователен пораз.

ПретходноИнтересен бил фудбалот во Гватемала (видео)
СледноКД со 51 поен во победата на Бруклин, Далас првпат победи без Дончиќ (ВИДЕО)