Најдобрите во центарот на жешкиот терен во Битола

264

Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата и на второто дерби оваа сезона меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, кое на прграмата е во среда, а истото ќе се игра во Битола.

Салата „Боро Чурлевски“ беше распродадена за еден час, па битолскиот табор ќе има одлични услови да дојде до триумф и да запоседне на врвот на табелата, поточно во плеј-офот да пренесе максимален број на бодови.

На теренот ќе биде жешко, Вардар 1961 доаѓа по смената на Веселин Вујовиќ и серијата од седум порази во ЛШ, па победата ќе биде вистинско освежување. Е.Пелистер сонува за титулата.

Токму затоа за ова дерби се потребни судии како Начевски и Николов, кои во својата кариера беа во центарот на големи дерби дуели.

Мечот е закажан со почеток во 18 часот, а од истиот ќе има директен пренос на МРТ.

ПретходноОд „Олд Трафорд“ чекаат потврда, дуелот со Брентфорд под знак прашалник!
СледноСтартуваше У-21 кампот, тројца од првичниот список нема да дојдат!