На Артета му „прекипи“: Обамејанг може да ја загуби капитенската лента

167

Пјер-Емерик Обамејанг и натаму е проблем за Арсенал. Неговиот спортски учинок оваа сезона не е на нивото на минатите сезони, откако постигна само четири гола на 14 натпревари во Ла Лига, а згора на тоа, има сериозен проблем и со недисциплината.

Според англиските медиуми последните негови проблеми со менаџерот Артета може да го чинат и одземање на капитенската лента. Имено, напаѓачот се вратил на крајот на минатата недела од одобрено патување во странство, но не дошол според планираното, туку повторно задоцнил, поради што Артета не го стави на списокот за натпреварот со Саутемптон во Премиер лигата.

„Тоа беше дисциплински престап и тоа е причината зошто тој беше надвор од тимот. Се обидувам да објаснам за што се работи и тоа го правам искрено. Нема да кажам ништо друго“, изјавил тренерот на „топчиите“, кој очигледно не беше среќен од односот на првата ѕвезда во тимот.

Инаку, не е првпат ова да се случува со Обамејанг. Напаѓачот веќе го пропушти дуелот против Тотенхем минатиот март поради неговите континуирани патувања.

ПретходноШок во Барса: Пике најавува повлекување, Агуеро за в среда закажа прес!
СледноОсминафинале во ЛШ: Две мега – пресметки, Јунајтед против ПСЖ, Баерн со Атлетико…