На повторената ждрепка во ЛШ: Меси против Реал Мадрид…

800

Три големи дербија донесе новата ждрепка во 1/8 финалето во ЛШ. Лео Меси и ПСЖ ќе игра со Реал Мадрид, Јунајтед се среќава со Атлетико Мадрид, а Интер со Ливерпул.

Ова се конечните двојки за 1/8 финалето, сега немаше грешки.

Инаку првите мечеви од оваа фаза во Лигата на Шампионите се закажани за 15/16 и 22/23 февруари, додека реваншите се играат на 8/9 и 15/16 март. Додека ждрепката за 1/4 и 1/2 финалето ќе се одржи на 18 март.

Познато е дека во случај на нерешен резултат по двете средби веќе не важи правилото гол на гости.

Големото финале во Лигата на Шампионите е закажано за 28 мај 2022 во Санкт Петербург.

По скандалот што се случи во УЕФА при првата ждрепка одржана во 12 часот во Лигата на Шампионите за 1/8 финалето, се “одработи“ нова, повторена ждрепка, и тоа во 15 часот. Ова веројатно се случи за првпат во историјата на УЕФА, да се повтори ждрепката во едно натпреварување и тоа поради, како што објаснија од Нион, поради технички проблеми или проблеми со софтверот.

ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕ ВО ЛШ

РЕД БУЛ САЛЦБУРГ – БАЕРН МИНХЕН

СПОРТИНГ ЛИСАБОН – МАНЧЕСТЕР СИТИ

БЕНФИКА – АЈАКС

ЧЕЛЗИ – ЛИЛ

АТЛЕТИКО МАДРИД – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

ВИЛЈАРЕАЛ – ЈУВЕНТУС

ИНТЕР – ЛИВЕРПУЛ

ПСЖ – РЕАЛ МАДРИД

ПретходноКрушево и Богданци се израдуваа на 3.000.000 денари од МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ
СледноРамос се враќа на “Бернабеу“, Мбапе против идниот свој клуб!