Нигерија го смени селекторот на еден месец до Купот на африканските нации

186

Нигериската фудбалска федерација го разреши селекторот на репрезентацијата Гернот Рор само еден месец пред старот на Африканскиот куп на нации, пренесува Ројтерс.

На негово место експресно е назначен Аугустин Егуавон, актуелниот техничкиот директор на федерацијата. Рор, кој ја презеде селекторската функција во август 2016 година, ја предводеше Нигерија на Светското првенство во 2018 година и до третото место на Африканскиот куп на нации една година подоцна. Тој се најде на мета на жестоки критики поради неодамнешниот настап на тимот, откако Нигерија ремизираше 1-1 со Зеленортските Острови во ноември и загуби од ЦАР во октомври.

ПретходноМакедонија ЃП се “ослободи“ од Камара и Бановиќ!
СледноВо Реал Мадрид бесни поради ждрепката