Плеј-оф во ЛЕ: Уф, Елмас против Барса…

388

Елиф Елмас против Барселона на “Камп Ноу“ на 17 февруари во првиот меч од плеј – офот во Лигата на Европа. Реваншот се игра на „Диего Марадона“ во Неапол. Така сакаше ждрепката во Нион. Значи играат Барселона и Наполи, каква симболика, каков спектакл, а во него една од главните улоги ќе ја има Македонецот. Бобан Николов и неговиот Шериф за ривал ќе го има тимот на Брага, додека Адеми и Ристовски и невниот Динамо силите ќе ги одмерат против Севилја.

Натпреварите ќе се играат на 17 и 24 февруари.

Ждрепката за 1/8 финалето ќе се одржи на 25 февруари.

Финалето се игра во мај во Севилја.

ДВОЈКИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕТО ВО ЛЕ

СЕВИЛЈА – ДИНАМО ЗАГРЕБ

АТАЛАНТА – ОЛИМПИЈАКОС

ЛАЈПЦИГ – РЕАЛ СОСИЕДАД

БАРСЕЛОНА – НАПОЛИ

ЗЕНИТ – БЕТИС

ДОРТМУНД – ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС

ШЕРИФ – БРАГА

ПОРТО – ЛАЦИО

ПретходноАБА 2: Пелистер во Сараево по поправка на впечатокот
СледноСкандалозно: Ждрепката за 1/8 финалето во ЛШ може и да се поништи!!!