Како никогаш досега, кога станува збор за една ждрепка на УЕФА денеска во Нион се случи голем кикс, и тоа во 1/8 финалето во ЛШ. По што сега се слушаат шпекулации дека истата би можела да се поништи.
Да потсетиме дека се “паднаа“ Вијлареал и Манчестер Јунајтед, двојка што не смееше ниту можеше да се падне, но сепак така “извлече“ Андреј Аршавин кој веднаш забележа дека е направена голема грешка.
Откако се виде што се направи, веднаш потоа беше извлечен Манчестер Сити и тој клуб му беше доделен на Вилјареал.
Потоа следуваше уште еден скандал. Имено кога Атлетико – Мадрид требаше да добие ривал, во шеширот го немаше името на Јунајтед, а требаше и мораше. Па така клубот од Мадрид го извлече Баерн Минхен,а на крај се “вкрстија“ ПСЖ и Јунајтед, односно како некој да посака да има дуел меѓу Меси и Роналдо.
Па, зарем е можно.
Секако дека ова ќе предизвика голема бура во јавноста.