Скандал во Памплона, обезбедувањето го спаси Лапорта

493

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта истрпи бројни навреди по ремито 2:2 против Осасуна на гостувањето во Памплона.

Кризата од минатата сезона во Барселона се прели и оваа, а тензиите се чувствуваат од натпревар во натпревар.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Лапорта пред стадионот го пречекал автомобил кој требало да го однесе до аеродромот, но од далечина се слушнале навредливи извици дека е крадец и „кучкин син“, но за среќа завршило на тоа и покрај тоа што гневните фанови биле подготвени физички да се пресметаат со него. Обезбедувањето спречило ситуацијата да ескалира.

По ремито Барселона ја зголеми разликата во однос на Реал Мадрид на огромни 18 бодови со натпревар помалку, со што ја заврши очајната недела по поразот од Баерн во Минхен од 3:0, по кој за првпат по долго време ќе игра во Лига Европа.

ПретходноВо Ангели бодовите се жртуваат во име на иднината!
СледноКараџовски промаши за победа, Пелистер ја загуби драмата со Широки (ФОТО)