Данска – Бразил и Шпанија – Германија се првите четврфинални двојки за Светското првенство во ракомет за жени. Денеска со последното колово првите две групи ќе бидат познати и преостанатите две четврфинални двојки.
Во групата „1“ за првото место ќе играат Франција и Русија. Тоа ќе биде реприза на олимпиското финале од Токио, каде славеа Французите, а денеска и со реми ќе завршат на првото место во групата.
Во групата „2“ има неколку можни исходи, а за првите две се натпреваруваат Норвешка, Холандија и Шведска. На победникот од мечот Холандија – Норвешка му е загарантирано првото место, а поразената селекција ќе остане без четвртфинале, доколку Шведска ја совлада Романија.