Четворица фудбалери од средниот ред на Јувентус на продажба во јануари

298

Дури четворица фудбалери од средниот ред на Јувентус, Родриго Бентанкур, Артур Мело, Арон Ремзи и Адриен Рабио може да ја напуштат „Старата Дама“ во зимскиот преоден рок. Со денови се зборува дека Алегри сака да направи промени во играчкиот кадар, па овие четворица се први на кои тренерот нема да смета во вториот дел од сезоната.

Избраниците на Масимилијано Алегри по 17 одиграни кола во италијанската Серија А го заземаат шестото место во поредокот со 28 бодови. Јувентус никако не успева да фати приклучок со најдобрите, па реални се очекувањата во јануари клубот да се обиде да донесе едно или две нови имиња.

ПретходноНа пладне во Нион: Ждрепката ќе ги одреди осминафиналните двојки за Лигата на шампионите
СледноМиленкоски тргна со две победи на клупата на Финикас, сега го напаѓа СуперКупот