Шок во Барса: Пике најавува повлекување, Агуеро за в среда закажа прес!

921

Од лошо полошо одат работите во Барселона и со новиот тренер, со Чави Ернандез. Каталонскиот гигант сега ќе игра во Лига Европа, а во Ла Лига не може да се победи и една Осасуна.

Инаку утринава според пишувањето на медиумите во Шпанија, Џерард Пике им најавил на Чави и Лапорта дека по завршувањето на оваа сезона тој има намера да се повлече и фудбалски да се пензионира. Секако дека тоа ќе биде голем удар за тимот и плановите на Чави.

Сепак стоперот им најавил дека би можел да одигра само уште една сезона само во интерес на неговата Барса.

Серхио Кун Агуеро во среда, на пред конференција, и официјално ќе каже дека нема веќе да игра фудбал. Ова е очекувано ако се знае дека тој веќе извесен период е во „аут“ поради проблемите со срцето.

Во среда тоа и официјално ќе биде кажано.

ПретходноЗа утеха: Вардар го има вториот најдобар стрелец во ЛШ
СледноНа Артета му „прекипи“: Обамејанг може да ја загуби капитенската лента