Јувентус се договорил со Дибала за новиот договор

136

Италијански Јувентус е многу блиску до продолжување на договорот со аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала до 2026 година. Ова го објави новинарот Николо Шира повикувајќи се на добро упатени извори во редовите на „Старата Дама“.

Дибала и Јуве долго време преговараат околу новата соработка, па по се изгледа конечно двете страни си подале рака за условите од новиот договор. Аргентинецот има пет гола и три асистенции на 13 натпревари оваа сезона. Договорот со 22-годишниот фудбалер истекува на крајот од актуелната сезона.

ПретходноКД со 51 поен во победата на Бруклин, Далас првпат победи без Дончиќ (ВИДЕО)
СледноНа пладне во Нион: Ждрепката ќе ги одреди осминафиналните двојки за Лигата на шампионите