Галијани: Ибрахимовиќ за малку ќе го истепаше Алегри

720

Поранешниот потпретседател на Милан Адријано Галијани зборуваше за менталитетот на Златан Ибрахимовиќ за време на претставувањето на новата автобиографија на шведскиот голгетер „Адреналин“. Тој откри дека во 2012 година шведскиот напаѓач за малку ќе го истепал тогашниот тренер на Милан Масимилијано Алегри по поразот од 0:3 од Арсенал во Лигата на шампионите. „Росонерите“ победија со 4:0 во првиот меч и поради тоа се пласираа во четвртфиналето на турнирот, а Златан тешко го поднел тој пораз.

Тоа беше ужасен натпревар. Се радувавме по него затоа што се пласиравме понатаму, но кога влеговме во соблекувалната Ибра врескаше како луд. За малку ќе го истепаше Алегри бидејќи на клупата имаше двајца голмани. Ибра никогаш не е среќен или задоволен. Тој секогаш сака максимум. Ако заврши нерешено или е втор, тој е бесен. Никогаш не е задоволен и тоа е неговиот најдобар квалитет“, изјави Галијани.

Претходно„Волчицата“ без проблеми против Специја (видео)
СледноНов скандал: Јокиќ го растури Вашингтон, па заработи исклучувачка (ВИДЕО)