Стартуваше У-21 кампот, тројца од првичниот список нема да дојдат!

1387

Денеска со првиот тренинг на еден од терените на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, стартуваше зимскиот камп на  У-21 селекцијата на Македонија. Селекторот Драган Канатларовски повика 25 фудбалери со цел да ја провери нивната моментална форма. Предвидено е за на 16 и 18 декември одиграме во Скопје две пријателски средби со соодветната селекција на Македонија.

На собирот и денешниот прв тренинг немаше тројца од првичниот список, и тоа Кристијан Тасевски од Аугсбург, Аган Мјаку од Гронинген како и Арда Окан од Фенербахче. Сите овие фудбалери не беа пуштени од своите клубови да дојдат во Скопје и да бидат дел од зимскиот камп.

Инаку сите повикани се играчи родени 2002/2003 година, што значи дека во некоја рака, како што и самиот Канатларовски истакна, станува збор за селекција до 20 години.

ПретходноНајдобрите во центарот на жешкиот терен во Битола
СледноВо Ангели бодовите се жртуваат во име на иднината!