И италијанските истражители го гонат агентот Фали Рамадани

473

Извор: Reuters

Познатиот менаџер од тетовско Фали Рамадани како и неговиот колега Пјетро Чиоди се под истрага на италијанските власти поради даночни измами и перење на пари во Италија. Обвинителите од Милано целат на трансакции на двајцата менаџери со 11 италијански клубови почнувајќи од 2018 година вклучувајќи ги Јувентус, Интер и Милан, пишува во документот, а кој го пренесува Ројтерс.

Обвинителите побарале од 11-те фудбалски клубови во Италија да достават документи за бизнис трансакциите со двајцата спортски агенти. Под лупата се и трансферите на Миралем Пјаниќ од Јувентус во Барселона во 2020 година и Федерико Киеза од Фиорентина во Јувентус исто така во 2020 година.

Инаку 11-те клубови не се дел од истрагата туку само е побарано од нив да ги достават документите за направените трансфери и трансакции со споменатите агенти.

Пред неколку месеци Рамадани е обвинет за перење на пари и затајување на данок во Шпанија па и таму е под истрага.

ПретходноБарса поради „банална“ причина загуби службено
СледноИнтер иронично ја прокоментира повторената ждрепка