Денеска во 12 часот во седиштето на УЕФА во Нион ќе се одржи ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите. Најголем дел од фаворитите ја минаа групната фаза, но во групата на патници во пролетниот дел од натпреварувањето не е и една Барселона. Каталонците првпат по 21 година нема да играат во елиминациската фаза.
Во осминафиналето ќе настапат 4 екипи од Англија, 3 од Шпанија, 2 од Италија, Франција и Португалија и по една од Германија, Холандија и Австрија. Куриозитет е фактот што за првпат од создавањето на Лигата на шампионите во групите има три екипи кои завршија со максимални 18 бода во групната фаза – Баерн (М), Ајакс и Ливерпул.
НОСИТЕЛИ: Ајакс (Холандија), Баерн Минхен (Германија), Јувентус (Италија), Ливерпул (Англија), Лил (Франција), Манчестер Сити (Англија), Манчестер Јунајтед (Англија), Реал Мадрид (Шпанија)
ВТОРОРАНГИРАНИ: Атлетико Мадрид (Шпанија), Бенфика (Португалија), Челзи (Англија), Интер (Италија), Пари Сен Жермен (Франција), Ред Бул Салцбург (Австрија), Спортинг Лисабон (Португалија), Виљареал (Шпанија)