Нигериската фудбалска федерација го разреши селекторот на репрезентацијата Гернот Рор само еден месец пред старот на Африканскиот куп на нации, пренесува Ројтерс.
На негово место експресно е назначен Аугустин Егуавон, актуелниот техничкиот директор на федерацијата. Рор, кој ја презеде селекторската функција во август 2016 година, ја предводеше Нигерија на Светското првенство во 2018 година и до третото место на Африканскиот куп на нации една година подоцна. Тој се најде на мета на жестоки критики поради неодамнешниот настап на тимот, откако Нигерија ремизираше 1-1 со Зеленортските Острови во ноември и загуби од ЦАР во октомври.