Норвешка го елиминира светскиот првак, познати се паровите во 1/4 финалето

264

Ракометарките на Норвешка го елиминираа бранителот на светскиот трон Холандија по победата од 37:34. Европскиот го совлада светскиот првак во меч на кој се видоа многу убави ракометни моменти, а и неизвесност со оглед на тоа дека на полувреме беше нерешено 17:17. Норвежанките беа поснаодливи во финишот и избори место во четвртфиналето.

Рајштад од Норвешка и Хушер од Холандија постигнаа по 10 погодоци. Нора Мерк даде осум.

Норвешка како првопласирана во групата ќе патува во четвртфиналето, а и Шведска патува понатаму како втора по денешниот триумф над Романија со 34:30. Холандија остана трета и без шанси за нокаут фазата.

Резултати

Полска – Црна Гора 33:28
Порторико – Казахстан  30:27
Србија – Словенија  31:25
Шведска – Романија 34:30
Холандија – Норвешка 34:37
Русија – Франција 28:33

ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ

ФРАНЦИЈА – ШВЕДСКА
ДАНСКА – БРАЗИЛ
НОРВЕШКА – РУСИЈА
ШПАНИЈА – ГЕРМАНИЈА

ПретходноИнтер иронично ја прокоментира повторената ждрепка
СледноЛудо: Фенербахче прими гол од пола терен (видео)