Румениге: Баерн нема да влезе во трката за Халанд

144

Баерн Минхен не е заинтересиран за трансфер на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Оваа вест за германските медиуми ја соопштил поранешниот директор на баварците, Румениге.

Иднината на Норвежанецот се чини дека е далеку од Дортмунд, бидејќи тој има ослободителна клаузула вредна 75 милиони евра и истата големите европски гиганти имаат намера да ја активираат следното лето.

Сепак, Баерн Минхен нема да влезе во трката за Халанд, пред се затоа што сака да го задржи Роберт Левандовски. Така вели поранешниот директор, Карл-Хајнц Румениге.

„Баерн Минхен нема да се обиде да го купи Ерлинг Халанд на лето. Не се работи само за финансиската состојба, туку во знак на почит кон Роберт Левандовски кој е најдобар голгетер во светот“, кратко изјавил Румениге.

ПретходноОфицијално: Во Нион нова ждрепка во ЛШ во 15 часот!
Следно1/8 финале КЛ: Партизан “налета“ на Спарта Прага, Лестер против Рандерс