СП: Норвешка, Холандија и Шведска во фотофиниш за четврфинале

306

Данска – Бразил и Шпанија – Германија се првите четврфинални двојки за Светското првенство во ракомет за жени. Денеска со последното колово првите две групи ќе бидат познати и преостанатите две четврфинални двојки.

Во групата „1“ за првото место ќе играат Франција и Русија.  Тоа ќе биде реприза на олимпиското финале од Токио, каде славеа Французите, а денеска и со реми ќе завршат на првото место во групата.

Во групата „2“ има неколку можни исходи, а за првите две се натпреваруваат Норвешка, Холандија и Шведска. На победникот од мечот Холандија – Норвешка му е загарантирано првото место, а поразената селекција ќе остане без четвртфинале, доколку Шведска ја совлада Романија.

Претходно„Кикер“: Кога игра на својата позиција, Чурлинов е маестрален
СледноЗа утеха: Вардар го има вториот најдобар стрелец во ЛШ