Дури четворица фудбалери од средниот ред на Јувентус, Родриго Бентанкур, Артур Мело, Арон Ремзи и Адриен Рабио може да ја напуштат „Старата Дама“ во зимскиот преоден рок. Со денови се зборува дека Алегри сака да направи промени во играчкиот кадар, па овие четворица се први на кои тренерот нема да смета во вториот дел од сезоната.
Избраниците на Масимилијано Алегри по 17 одиграни кола во италијанската Серија А го заземаат шестото место во поредокот со 28 бодови. Јувентус никако не успева да фати приклучок со најдобрите, па реални се очекувањата во јануари клубот да се обиде да донесе едно или две нови имиња.