Леванте на нашиот репрезентативец Енис Барди доживеа елиминација во 2. коло од Купот на Шпанија, откако вечерва загуби на пенали на гостувањето кај Алкојано.
Во регуларниот дел од мечот резултатот беше 3:3, па откако немаше победник ниту по продолженијата, пеналите решаваа кој ќе продолжи во следната рунда. Барди, кој инаку влезе во игра во второто полувреме, биеше во четвртата серија, но и тој промаши како и уште двајца негови соиграчи претходно. Алкојано на крајот со 3:1 по пенал серијата обезбеди место во следната рунда.