Бутел Скопје експресно им се врати на победите

106

По поразот во Кавадарци, Бутел Скопје експресно им се врати на победите. На домашен терен ја совлада Струга со 30-19 во првиот меч од 15. коло во Супер-лигата.

Гостите одиграа добро во првото полувреме, но потоа паднаа. По водството од 13-14 по првите 30. минути, стружани целосно застанаа. Постигнаа само пет гола во вториот, додека примија 17.

Мајиќ со осум погодоци, Митев и Спасовски со по пет гола беа најефикасни во редовите на домашниот тим, кој стигна до 11 победа. На другата страна, Маркоски, Блажевски и Цветаноски постигнаа по четири гола. Струга пак дојде до 11. пораз оваа сезона.

ПретходноРК Бутел го повлече дресот со број 9 во чест на Божиновски
СледноНестор на терен, Удинезе се пласира во осминафиналето на Купот