Најтрофејниот во Франција го смени тренерот

133

Клод Пуел еден од најдобрите француски тренери и еден од најтрофејните француски клубови Сент Етјен ја прекинаа соработката. Тој дојде во редовите на „зелените“ во октомври 2019 година меѓутоа заминува иако имаше договор до јуни идната година.

Според „Екип“ клубот и тренерот си подадоа рака и околу висината на отштетата. Десеткратниот француски шампион ќе му исплати на екс-стратегот на Лион меѓу 1,5 и 1,8 милиони евра.

Причината се лошите резултати на екипата сезонава, последни се на табелата во Лига 1 со две победи.

Сент Етјен наскоро ќе го назначи Паскал Дупри за нов тренер. Дупри е екс-тренер на Каен, Тулуз и Евиан.

ПретходноБез Пандев, Џенова славеше во Купот и прекина серија од 14 меча без победа
СледноБарди промаши во пенал-рулетот, Леванте испадна од Купот