На утрешното големо ракометно дерби помеѓу екипите на Е. Пелистер и Вардар, домаќинот од Битола подготвува убав гест во името на оние кои најмногу им е потребна помош. Семејствата од ранливата категорија. Клубот ги организира присутните навивачи, да понесат со себе плишани играчки кои на полувремето ќе бидат фрлени на теренот, а потоа поделени на дечињата.
„РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2021 година. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (среда 18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот“ – се вели во пораката од Е.Пелистер