УЕФА стана предмет на исмејување: Рускиот гигант со хит барање

1003

УЕФА вчера ја повтори ждрепката во Лигата на шампиони поради пропусти при извлекувањето, по што стана предмет на исмејување на социјалните мрежи.

„Твитер“ дефинитивно е „затрупан“ со интересни пораки и коментари по случувањата во Нион, а еден од најоригиналните коментари доаѓа од рускиот гигант, Спартак од Москва.

Од клубот на УЕФА и порачаа дека се надеваат дека нивниот тим ќе го тргнат на страна доколку претходно ја извлечат Норусија Дортмунд во осминафиналето во Лига Европа.

Спартак како победник во својата група обезбеди директно место во осминафиналето, додека пак Борусија ќе игра 1/16 финале против Ренџерс.

Во Москва се убедени дека германскиот тим е најголем фаворит за освојување на титулата, пред Наполи, Севиља и Барселона.

 

ПретходноРоналдо и соиграчите поради Ковид-19 нема да излезат на терен, стигна официјална одлука
СледноКлисман Цаке: Струга ТЛ сака со победа против Ренова да ја заврши полусезоната!