Цветаноски ја „расплака“ Ренова во судиското продолжение (ВИДЕО)

641

Тимот на Струга Трим Лум со голот на Дејан Цветаноски во последните секунди од мечот, успеа да слави со минимални 1:0 над тимот на Ренова, во последниот заостанат натпревар од последното есенско коло во ПМФЛ.

Мечот кој што требаше да се игра викендот поради лошите временски услови и теренот во Струга, се одигра денес, и беше таличен за домашните, кои освоија злато вредни три бода во финишот на есенскиот дел.

Се играше судиското продолжение од мечот кога Дејан Цветаноски искористи еден прекрасен центаршут на подалечниот дирек и убаво шутираше со глава во долмиот десен голманов агол.

Со овој триумф тимот на Струга Трим Лумсе искачи на седмата позиција на табелата со 26. бода, додека Ренова е на делба на петтата со бод повеќе.

 

ПретходноТолку од Кудијан и Муарем во Брегалница
СледноТетекс триумфално низ Гостивар, Кораби и Охрид одиграа „нула“