Ајви не можеше сам: Нов пораз на ФМП Академија во БИБЛ лигата

126

Кошаркарите на ФМП Академија го претрпеа и петтиот пораз во рамките на регионалната кошаркарска БИБЛ лига. Вечерва во Скопје во меч со бугарски Левски, тимот на Александар Петровиќ беше поразен со убедливи 74:103 со што им дозволи на гостите за првпат да се израдуаат оваа сезона.

ФМП Академија и натаму останува без победа во лигата, а со оглед на тоа што следниот меч ќе го играат со Макаби Хаифа, ќе биде тешко да се поверува дека ќе успеат да ја прекинат црната серија на следниот дуел.

Единствен кој беше расположен за игра беше Американецот Ајви кој постигна 41 поен. Кај гостите Радиќ постигна 25.

ПретходноШтутгарт држеше додека можеше, па на крајот прими пет гола (ВИДЕО)
СледноЏерард: Пред да купиме нови играчи, ќе гледаме да се вакцинирани