Барселона го преживеа Белград, победи за Анадолу и Фенер

136

Кошаркарите на Црвена звезда загубија од Барселона со 76-69 во Белград во натпреварот од 15. коло на Евролигата вечерва. Во преполната сала „Александар Николиќ“, „црвено-белите“ не успеаја да приредат изненадување против најдобриот тим во досегашниот дел од сезоната, иако добро се држеа во поголемиот дел од мечот и беа блиску дури и во финишот.

Најефикасни на натпреварот кај домашните беа Никола Калиниќ и Лука Митровиќ со по 15 поени, додека кај гостите Најџел Хејс-Дејвис имаше 14, Сертак Ченли и Роланд Шмитс по 11 поени.

Анадолу Ефес претходно ја совлада Басконија со 87-72, додека Фенербахче на домашен терен беше подобар од Макаби со 90-79.

ПретходноЏерард: Пред да купиме нови играчи, ќе гледаме да се вакцинирани
СледноВицешампионот Шпанија е втор полуфиналист на Мундијалот