Бетис на свој играч му стави клаузула од 1 милијарда евра

278

Шпанскиот прволигаш Бетис го задржа еден од лидерите Серхио Каналес со нов договор, соопштија од клубот. Договорот на 30-годишниот шпански офанзивец сега е до летото 2026 година.

Каналес, кој е поранешен фудбалер на Реал Мадрид, одигра 138 меча за Бетис со ефект од 27 гола и 20 асистенции.

Според „Марка“ клубот во договорот вклучил и откупна клаузула во висина од 1 милијарда евра.

ПретходноДибала откри што сака да му донесе Дедо Мраз за 2022 година
СледноРК Бутел го повлече дресот со број 9 во чест на Божиновски