Блатер „ја откри Америка“: Ждрепката лесно се мести со „топли“ и „ладни“ топчиња (ВИДЕО)

924

Огромна врева во светската јавност се крена по вчерашната повторена ждрепка за елиминационата фаза од Лигата на Шампионите. Сите сме сведоци што се случи, на огромиот пропуст на организаторот на ждрепката УЕФА, која првичната ждрепка направи огромен пропуст и не го вметна Манчестер Јунајтед во „потот“ каде што требаше, и автоматски ждребот е нерегуларен. Следуваа жалбите, УЕФА ја призна грешката, ја означи како софтверска, и го повтору ждребувањето.

Потоа, лавина од коментари, се бараат оставки, а со свое мислење излезе и некогашниот претседател на ФИФА, и прв човек на светскиот фудбал, Сеп Блатер. Околу него со години се плетеа разни скандали, финансиски пред се, а сега Швајцарецот во интервју за шпанскиот „La Nacion“, изјави дека самата ждрепка многу лесно може да биде изрежирана односно наместена.
„Тоа е лесно. Со познатата метода, топло – ладно топче. Тоа во мое време во ФИФА не се случуваше, но на Европско ниво, јас бев присутен на настан на кој беше применета оваа метода. Ние не ги користевме тие методи во ФИФА, но потврдувам дека тоа е направено“- изјави Блатер со што ќе предизвика нова лавина коментари.

 

ПретходноВелешта – Силекс нема да се одигра ниту денес
СледноДоколку головите и асистенциите се критериум за „Златната топка“ – Роналдо би бил губитник